Хаос во Тирана: Демонстрантите ја пробиле оградата околу кабинетот на Рама, полицијата возвратила со солзавец!
Илјадници приврзаници на албанската опозиција, предводени од опозициската Демократска партија, се собрале во саботата пред седиштето на социјалистичкиот премиер Еди Рама во Тирана, барајќи негова оставка.
Во еден момент, демонстрантите ја пробиле оградата околу зградата на седиштето на премиерот, а полицијата после тоа употребила солзавец.
Собирот го обезбедуваат околу 1.200 припадници на полицијата и гардата.
Приврзаниците на опозицијата ја обвинуваат владата за корупција и врски со организираниот криминал. Опозицијата, чии пратеници го напуштиле парламентот, одбива дијалог со Рама и бара преодна влада без него, која би подготвила предвремени избори.
САД и ЕУ ја предупредиле опозицијата да не користи или поттикнува насилство и да седне на преговарачка маса.
Албанија се надева дека во јуни ќе добие одобрение за започнување на преговори за прием во Унијата.