Eucerin® лансираше иновативен производ со двојно дејство на кожата – пилинг + борба со брчките
Eucerin® – експертот во медицинската нега за кожата, ја пушти во продажба последната иновација во своето портфолио – Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум. Со својот иновативен систем, новиот производ е прв комбиниран производ на Eucerin®, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.
Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.
„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Еуцерин континуирано вложува во иновации, со цел да се задоволат барањата на потрошувачите. Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Затоа се создаде Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум и сега сме многу возбудени од воведувањето на производот кој има промоција на сите пазари ширум светот.“ изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.
Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска киселина во кожата.
Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.
Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот
Опаковката со два контејнера за складирање на производот обезбедува високоефикасна нега за кожата – тврдење коешто е поткрепено со детални проучувања. „Се гордееме со големиот број на дерматолошки и клинички проучувања коишто ги направивме, вклучувајќи контролирани тестирања во лабораториски услови и тестирања на кожа. Резултатите го потврдуваат двојното дејство на формулата со подмладувачки ефект Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, како и неговата безбедност и подносливост од кожата,“ изјави Д–р Петрушевска. Пријавените и набљудуваните ефекти вклучуваат:
- нежна ексфолијација на кожата;
- видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;
- ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;
- добро хидрирана кожа;
- стеснување на порите.
Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.
Секојдневната употреба дава видливи резултати
Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.
Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум
- ја измазнува површината на кожата и го помага обновувањето на кожните клетки;
- ги пополнува дури и најдлабоките брчки;
- ја хидрира кожата и ги стеснува порите;
- за помладолика, сјајна и мазна кожа.