Видео: Двајца космонаути принудно слетаа на земјата по неуспешното лансирање на ракетата „Сојуз“

Руската ракета „Сојуз“ со двајца членови на екипажот имаше дефект за време на лансирањето на патот до Меѓународната вселенска станица. Ракетата беше лансирана од космодромот Бајконур, во Касахстан.

„Моторите од втората фаза на ракетата се исклучија“, изјавија од космодромот „Бајконур“ за новинската агенција „Интерфакс“.

„Членовите на екипажот се живи. Во моментов се врши принудно слетување“, додаваат од космодромот Бајконур.

Подоцна од руската вселенска агенција „Роскосмос“ изјавија дека двајцата космонаути безбедно слетале на земјата и во моментов се води операција за пронаоѓање на космонаутите. Од вселенската агенција додаваат дека пронаоѓањето може да трае и до 2 часа.

Двајцата космонаути во вселенското летало се Алексеј Овчин и Ник Хејг од НАСА. Третото патничко место било резервирано за товар.

Translate »