Продолжува изградбата на гасоводот низ Водно

Продолжи изградбата на гасоводот кој ќе минува низ Водно, соопшти денеска Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР).

Архивска фотографија - Градежна механизација во Парк-шумата Водно каде е планирано да се изгради гасовод.

Тие соопштија дека продолжиле со изградбата откако е постигната согласност со граѓанските активисти.  Се согласиле граѓанските активисти да бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Изградбата на магистралниот гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно, продолжила на 8 октомври.

Translate »