Игор Александров од Австралија : Сашо Мијалков ќе го смени Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ  утре на  Централниот комитет ќе  дискутира за  последните случувања на политичката сцена во државата. Како точка на дневен ред можно е да се најде и гласање за (не)доверба на актуелното раководство и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, напиша на а својот Фејсбук профил,  претседател на Здружението на македонските заедници во Австралија Игор Аврамовски Александров.

Тој пишува дека на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде сменет Мицкоски, од страна на луѓе кои се дел од тимот на Сашо Мијалков.

„За утре на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалковото крило (оркестратор на Црниот Петок) што ги води осумте предавнички пратеници, подготвува смена на Христијан Мицковски, односно негова оставка преку притисоци и разочарување. Апелирам до сите искрени противници на Преспанскиот договор да изразат солидарност со Мицковски на секаков можен начин, почнувајќи од социјалните мрежи, за и тој и пучистите да се уверат дека зад неговиот принципиелен отпор стои и ќе стои сериозна маса. Оставете ги докажувањата кој е најголем патриот за други прилики. Делувајте конструктивно пред бројката од наводни 80 да стане преку 100“, напиша Александров.

 

Translate »