Опозицијата ја бојкотира ратификацијата на договорот со Бугарија

„Бугарија ги поддржува напорите на владата на Зоран Заев, опозицијата и граѓанскиот сектор за постигнување на највисоките национални цели, членство во ЕУ и НАТО и тоа да се случи за време кога со Европскиот совет претседава токму Бугарија. Меѓутоа за ова да се случи мора да се спроведат итните реформи. Бугарија за време на претседателството , ќе работи на зголемување на контактите меѓу земјите од Западен Балкан и подобрување на релациите меѓу нив“, истакна  бугарскиот амбасадор во РМ,  Иван Петков во Собранието, презентирајќи ја програмата и приоритетите на претседавањето на Бугарија со ЕУ.

Презентирање  се одржа во отсуство на претставниците на опозицијата.  Денеска на дневен ред во Парламентот е и  усвојувањето на предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Како што е најавено седницата ќе  биде бојкотирана од пратениците на опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Translate »