Како дигитализацијата ги јакне компаниите?
Дигитализацијата во Европа постојано се развива, движејќи ги компаниите од сите големини низ трансформативно патување, бит по бит. Светот и Европа поминуваа низ пандемија на Ковид-19, којашто имаше огромен ефект врз дигитализацијата. Со тоа што беше оневозможена физичка интеракција, речиси сè требаше да се направи дигитално или од далечина. Ова го промени начинот на кој работиме, на кој комуницираме и, секако, начинот на кој купуваме и продаваме. Истовремено, владите и јавниот сектор формираа цели дигитални градови и региони во Европа. Со други зборови: дигитализацијата направи огромен скок во многу мал временски период, особено во областите како далечинското работење, е-трговија, автоматизација и паметни градови.
И покрај тоа, сепак забележуваме големи разлики во степенот на развиеност и брзината на дигитализација помеѓу компании од различни големини. Според Европската комисија, малите и средните компании во Европа заостануваат далеку зад поголемите компании кога станува збор за дигиталните технологии, иако за 76% од нив дигитализацијата е приоритет. А каква е ситуацијата кај нас? Според истражувањето за степенот на дигиталната зрелост на компаниите во Македонија, спроведено од декември 2022 до март 2023, само 28% од компаниите се дигитално зрели, 40% се средно-дигитализирани и 32% се со ниска дигитална зрелост. Дигиталната зрелост е условена од големината на компанијата, при што големите компании се со најголема застапеност (91%), а малите се со најмала застапеност (16%) меѓу дигитално зрелите компании.
Причините за ниското ниво на дигитализираност на компаниите во Македонија се повеќеслојни. Сопствениците на компаниите се, со право, најчесто фокусирани на својот основен бизнис и се оптоварени со секојдневните пазарни и производствени предизвици. Енергетската криза остави помалку средства за воведување напредни ИКТ алатки, а повеќе за справување со пораснатите цени на електричната енергија и другите енергенси. Расположивоста на стручен ИКТ кадар за македонските компании се намали со пробивот на странските софтверски компании коишто нудат атрактивни пакети за привлекување токму на вакви кадри да работат за странски, полукративни пазари. Сево ова го зголеми дигиталниот јаз помеѓу европските трендови и дигиталните способности на компаниите во домашното стопанство и јавниот сектор.
Останете конкурентни
Во вакви услови, како бизнисите можат да бидат конкурентни во свет каде што корисничкото патување и ефикасноста на компанијата се значително зависни од дигитални решенија?
Флексибилните работни часови и работата од дома станаа „новото нормално“ (во одредени области повеќе отколку во други), што изискува потреба од воведување хибридно и флексибилно работно место. Покрај тоа, професионалното дигитално присуство, онлајн маркетингот и е-трговијата станаа неопходни за успех како денес, така и уште повеќе во иднина. За да се обезбеди следливост и ефикасност во работата на целата организација потребно е да се воведе дигитална архива, дигитални сертификати и временски печати, дигитални работни процеси за одобрување и следење на активностите.. Контакт центрите и софтверите за следење на корисничките интеракции и релации значително го подобруваат корисничкото искуство и придонесуваат за подобрено опслужување, како и за подобар увид во барањата на клиентите. Мрежната поврзаност секаде и на сите начини е неопходност којашто во ниту еден момент повеќе не се доведува во прашање.
Но, купувањето, инсталирањето и одржувањето на сопствените ИТ системи стана скапа и комплексна работа. Недостигот на ИКТ кадри на пазарот на трудот уште повеќе ја усложнува оваа ситуација. И да не заборавиме: ИТ безбедноста е од клучно значење за сигурноста на податоците за бизнисот, клиентите и вработените – што заслужува посебен осврт со посебна анализа.
Како може Македонски Телеком да ви помогне и да биде ваш партнер во постигнувањето успех при дигитализацијата?
Затоа, повеќе од кога било досега, на компаниите им е потребен сигурен придружник за да го совладаат своето патување кон поголем раст и издржливост, помош од партнер со обемно индустриско знаење и паметна комбинација од дигитални алатки и човечка експертиза.
Македонски Телеком ги има сите делчиња од сложувалката наречена дигитална трансформација и нуди комплетна поддршка „од крај до крај” за компании од сите големини и во сите области. Magenta 1 Business пакетот за фиксна телефонија, интернет, мобилна телефонија и мобилен интернет, како и виртуелните приватни мрежи по фиксна или мобилна мрежа, обезбедуваат поврзаност каде било и кога било со поддршка на хибридниот начин на работа. Дигиталната канцеларија е збогатена со Microsoft Office 365 како услуга во ИТ облак, што вклучува и алатка за тимска соработка, дигитални сертификати издадени од Телеком и премиум хардвер (лаптопи, мобилни уреди, печатачи). На компаниите им е ставена на располагање и управувана услуга за зголемување на безбедноста на мрежите и квалитетно безжично поврзување, со моќна маркетинг алатка којашто може да им помогне да ги остварат своите цели за раст.
Телеком обезбедува непрекинато одвивање на работните процеси во компаниите преку сигурно складирање на податоците на сервери (физички и виртуeлни) во своите податочни центри, како и редовно правење заштитени копии од тие податоци (бекап) за потребите на бизнисот. Паметното решение на Телеком за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија им дава можност на бизнисите да ги контролираат своите трошоци и да го подобрат одржувањето на своите производствени капацитети. Покрај овие стандардни решенија, Македонски Телеком нуди и решенија коишто се скроени по мерка и за најпребирливите корисници, согласно со специфичните барања и потреби.
Биди промената, а не само дел од неа!
Вистината е дека никогаш не е доцна да се започне трансформација на бизнис или организација за да се постигне уште повисоко ниво на раст, креативност и издржливост. Нашата цел е на нашите партнери и клиенти да им помогнеме при растот во една посигурна и подобра околина – без разлика што носи иднината. Како што покажа историјата, без оглед на тоа дали во просперитетни или во тешки времиња, секогаш е фасцинантно како луѓето и технологиите наоѓаат начин да го придвижат светот напред. Затоа сме цврсто убедени: време е не само да бидеме дел од промената, туку и да бидеме самата дигитална промена.