Во Америка испратени бомби до Сорос, Обама, Клинтон и Си-ен-ен
Сомнителниот пакет откриен во средата во облакодерот Time Warner Center во центарот на Менхетен, во кој се наоѓа и њујоршката редакција на телевизијата CNN, бил адресиран на име на поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан.
Оваа информација беше објавена на порталот на CNN, чиишто новинари и други службеници, исто така, беа евакуирани од зградта и за инцидентот известуваа од улицата.
Повикувајќи се на неименуван претставник на њујоршката полиција, телевизијата објави дека сомнителниот пакет, во кој при проверка на рентген апарат биле откриени жици и метални делови, бил адресиран до Џон Бренан. Поранешниот директор на најпознатата американска разузнавачка агенција често гостува на CNN со неговите стручни анализи. Според телевизијата, полициските службеници сметаат дека сомнителниот објект бил вистинска експлозивна направа.
Во моментов, според медиумските извештаи, пиротхеничари го отстрануваат сомнителниот пакет од центарот на Мехнетен. Специјалниот контејнер, кој е бел цилиндр прокачен на камион со извонредно дебели ѕидови и силен заштитен механизам за заклучување, бил придружуван од колона полициски возила. Телевизијата вели дека сомнителниот пакет ќе биде изведен до њујоршкиот округ Бронкс, каде што е базата на пиротехничарите и каде ќе биде уништен најверојатно со контролирана експлозија.
Како што претходно беше објавено, пакетот е сличен на оние кои претходно припадниците на Тајната служба ги пресретнаа а кои беа адресирни на поренашниот претседател Барак Обама, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос и до Белата куќа, којашто во меѓувреме негираше дека таква пратка била испратена.