„Ги стегнав шиптариве, ги стегнав циганиве, по 400 гласови ќе дадат ДУИ и ДПА“, му вели Мијалков на Јанакиески

loading...

А бе денес 12 институции завршив. Имам изработено цел систем за гласање, многу е добар, ама не е за по телефон, вели екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во еден од необјавените прислушувани разговори, кои денеска беа емитувани во судница на рочиштето по предметот „Титаник“.

„Со „Зегин“ е веќе зборено“, додава Јанакиески во истиот дијалог, а во разговор со друг соговорник дава до знаење дека преку маил на соговорникот му препраќа списоци со 2.000 луѓе, од Златко „Кадис“ и од Јорданов „Макстил“, како што вели.

Во една од разговорите, воден пред вториот круг од локалните избори, Јанакиески бара од соговорниците да украдат избирачки списоци за да се дознае кој гласал, а кој не, за да им биде извршен притисок на граѓаните.

Јанакиески го прашува соговорникот дали ќе му го даде избирачкиот список, на што тој одговара дека треба прво да му дадат клуч.

Повеќе на линкот: Фокус

Translate »