Пронајдена гробница со остатоци од 227 жртвувани деца

Тим археолози пронајдоа остатоци од 227 деца жртвувани во согласност со рутиалите на пред-колумбиската цивилизација Киму, која постоела во северниот дел на Перу до крајот на 15 век, што е досега невидено светско откритие.

„Ова е најголемото место на жртвување на децата“, рекол археологот Ферен Кастиљо, додавајќи дека ископувањата започнале во 2018 година на местото Пампа ла Круз на крајбрежното одморалиште Уанчако, на околу 700 километри северно од Лима.

Децата на возраст меѓу четири и 14 години биле ритуално убиени и им се нуделе како жртва на боговите на Киму за да го ублажат својот гнев, бидејќи луѓето од Ким сметале дека тие се одговорни за природните катастрофи поврзани со климатскиот феномен Ел Нињо.

Откриено е и доказ дека врнело силно во времето на жртвата.

„Каде и да копаме, ќе најдеме уште едно дете закопано свртено кон океанот “, рекол Кастило. Некои од телата пронајдени сè уште имаат кожа и коса и носат сребрен накит.

Всушност, тоа било местото на помасовни жртви на деца за време на владеењето на Империјата Киму. Гробница со 56 деца е пронајдена во јуни 2018 година, исто така во Пампа ла Круз, додека недалеку од таму, во истата локација во Уанчакито е пронајдена гробница со 140 детски тела и 200 млади лами, во април истата година.

„Дефинитивно било избраното место на жртвување“, рекол Кастило.

Империјата Киму се зидигнала меѓу 900 и 1450 година, на северниот брег на Перу до денешниот Еквадор, а завршила во 1475 година со падот под власт на Инките, педесетина години пред пристигнувањето на првите шпански освојувачи во Перу.

Translate »