Видео: Авион се урна во море, загинаа 188 луѓе

Патнички авион со 188 патници и членови на екипаж ноќеска се урна во море само неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Џакарта.

Спасувачите пронашле остатоци од „Лион Ер Боинг 737 Макс 8“ во близина на Караванг во провинцијата Западна Јава, на околу 70 километри источно од Џакарта, изјави шефот на националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија, Мухамед Сјауги.

Се верува дека трупот на авионот е на дното на морето на длабочина од околу 35 метри.

Авионот требало да лета до Пангал Пинанг, главниот град на Бангка Белитунг Острови.

Изгубил контакт со контролата на летање неколку минути по полетувањето.

Се работи за авион боинг 737 MAX 8, кој е нов тип на авион со само 800 часа лет.

Предмети за кои се верува дека припаѓаат на патниците се пронајдени во водата, меѓу кои лични карти и возачки дозволи, објави агенцијата за пребарување и спасување на Твитер.

-Не знаеме уште дали има преживеани, изјави за новинарите шефот на агенцијата,  додавајќи: “Се надеваме, ние се молиме, но не можеме да потврдиме”.

Претходно на прес-конференција, официјални лица соопштија дека во авионот биле 178 возрасни, едно новороденче и две бебиња, како и двајца пилоти и пет членови на екипажот. Но, податоците за точниот број на лица што се во авионот се контрадикторни и се движат од 181 до 188.

Што се случило

Авионот полетал од Џакарта во 06:20 по локално време, во понеделник наутро (или 23:30 СЕВ во неделата).

Требало да пристигне на аеродромот Депати Амир во Панкал Пинганг еден час подоцна, но 13 минути по полетувањето, изгубен е контакт со авионот.

Пилотот побарал да се врати на аеродромот во Сокарно-Хата во Џакарта, изјави директорот на канцеларијата за пребарување и спасување на Панкал Пинанг, Дананг Приандоко.

Компанијата Лајон Ер во изјавата изјави дека пилотот и копилотот биле искусни, со повеќе од 11.000 часа на летање.

Најмалку 20 вработени од Министерството за финансии на Индонезија биле во авионот, објави Би-Би-Си.

 

 

 

Авион од 2016 година

Авионот беше Боинг 737 MAX 8,  е во комерцијална употреба од 2016 година.

Лион Ер изјави дека конкретниот авион е направен во 2018 година, а компанијата го поседува од 15-ти август оваа година.

За патување со кратки дестинации, авионот  може да пренесе максимум 210 патници.

Едвард Сирајт, главен извршен директор на “Лион ер груп”, изјави за Ројтерс:”Ние исто така сме збунети, бидејќи тоа беше нов авион”.

Во соопштението, Боинг изрази сочувство за жртвите и семејствата и рече дека “е подготвен да обезбеди техничка помош за истрагата за несреќата”.

Лајон Ер е најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Индонезија, со голем број летови дома, како и голем број меѓународни линии во Југоисточна Азија, Австралија и Блискиот Исток.

Компанијата е основана во 1999 година. Поради проблеми со безбедноста, до 2016 година и било забрането да лета во европскиот воздушен простор.

Во 2013 година, авион на “Лајон Ер” се урна во морето при слетување на меѓународниот аеродром во Бали, а сите 108 патници преживеаја. Во 2004 година, авион од Џакарта се урна и се распадна при слетувањето во Соло Сити, при што загинаа 25 луѓе.

Во 2011 и 2012 година компанијата се поврзуваше со серија инциденти каде кај пилотите беа пронајдени метамфетамините, при преглен неколку часа часа пред лет.

 

Translate »