Ново цени: колку ќе чинат бензините и дизелот од полноќ
Во следните две недели цените на бензините и дизелот ќе се точат по намалени цени.
Согласно денешната одлука на РКЕ бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 3,5 денари до 1,5 денари. Најмногу се намалува Еуросупер БС-98, односно за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 се намалува за 3 денари.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 73 ден/литар, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71,50 ден/литар, а дизелот по цена од 67,50
ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 56,50 ден/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг што значи дека тој сега ќе се продава по цена од 37,414 ден/кг.