Калајџиев за Канал 5: ОТА требаше да биде сместена кај операторите
Препораките од Прибе за новата агенција ОТА која ќе го врши прислушкувањето беа да биде сместена кај операторите,а не во државни институции поради можни влијанија .
Затоа граѓанскиот сектор беше незадоволен од ова решение изјави за Канал 5 претседателот на Хелсиншкиот комитет Гордан Калајџиев, чија организација се пријави на конкурсот за контрола на ОТА.
Според Калајџиев секогаш се можни злоупотреби но такви масовни прислушкувања како што имавме не се можни. Нешто ново што се нуди освен издвојувањето на ОТА се и формите на граѓанска и парламентарна контрола вели тој
Калајџиев нагласи дека процесот е парцијален, и подобро е ако течеше со целата реформа на УБК и другите служби, и затоа многу е важно како ќе се реформираат и колкав степен на контрола ќе имаат тие што го вршат прислушувањето .