Пакомак изработи мапа на која се маркирани сите локации каде што може да се селектира стакло, хартија или пластика

Со цел контејнерите за рециклирање да станат подостапни до граѓаните, компанијата Пакомак изработи мапа на која се маркирани сите локации кадешто може да се селектира стакло, хартија или пластика.

Во моментов на мапата се обележани само локациите на кои има контејнери за стакло во Скопје, како и контејнери за хартија во Струмица, но ова е само почеток.

„Многу луѓе се јавуваа да прашаат каде може да рециклираат отпад, затоа Пакомак почна да ја прави мапата. Работата е комплексна, не може да се надополни преку ноќ, но работиме на нејзиното комплетирање“, велат од Пакомак.

Од компанијата појаснуваат дека во моментот работат на зацврстување на дел од контејнерите, бидејќи голем дел од нив, по самото поставување се уништени од неформалните собирачи на отпад. Затоа, велат дека внимаваат со обележувањето на локациите на мапата, за да не се случи на мапа да го има, а контејнерот да не постои во реалноста.

http://pakomak.com.mk/

Компанијата поставува зелени контејнери за рециклирање на стакло, во контејнерите со сина боја се одложува хартијата, а во жолтите пластика и лименки. Ги има во десетина градови низ Македонија, а најчесто се поставуваат во соработка со комуналните претпријатија. Во периодот што следува, од Пакомак велат дека мапата ќе се ажурира со точните локации на контејнерите за селектирање различен вид отпад низ целата држава.

Translate »