Македонија извезува 350 милиони долари храна годишно
Македонија минатата година извезла храна во вредност од 350 милиони долари. Најголемиот дел или 43% што е околу 150 милиони долари се продадени во земјите од Европската унија, додека втор најголем извозен пазар е Западниот Балкан каде лани е извезена храна во вредност од 140 милиони долари. Гледано по земји, најмногу храна Македонија лани извезла во Србија од 49,2 милиони долари и Косово каде се извезени 40,3 милиони долари. Од земјите во Европската унија Македонија најмногу извезува во Хрватска околу 25,9 милиони долари за минатата година и Германија каде лани сме извезле храна во вредност од 16,7 милиони долари. Капитал анализира што најмногу извезува Македонија од храна?
Македонија минатата година извезла храна во вредност од 350 милиони долари. Најголемиот дел или 43% што е околу 150 милиони долари се продадени во земјите од Европската унија, додека втор најголем извозен пазар е Западниот Балкан каде лани е извезена храна во вредност од 140 милиони долари.
Гледано по земји, најмногу храна Македонија лани извезла во Србија од 49,2 милиони долари и Косово каде се извезени 40,3 милиони долари. Од земјите во Европската унија Македонија најмногу извезува во Хрватска околу 25,9 милиони долари за минатата година, следи Германија каде лани сме извезле храна во вредност од 16,7 милиони долари, Бугарија каде лани сме извезле храна во вредност од 15,98 милиони долари, Романија со извоз од 15,91 милион долари и Грција со извезени 11,05 милиони долари во текот на минатата година.
Релативно помал извоз на храна Македонија има и во земјите каде има поголема дијаспора, како Австралија, САД и Швајцарија. Во САД лани сме извезле храна во вредност од 7,4 милиони долари, во Австралија 4,6 милиони долари, додека во Швајцарија сме имале извоз на храна од само 3,5 милиони долари.
Интересен е податокот дека Македонија минатата година повеќе храна извезла храна во САД отколку во Словенија.
Ако се анализира што најмногу извезува Македонија од храна, податоците покажуваат дека дури половина од извозотна храна или околу 170 милиони долари, што е околу 50% од вкупниот извоз на храна отпаѓа на извозот на свежо овошје и зеленчук.
Следна најголема извозна ставка во извозот на храна се кондиторските производи и преработките од жито, на кои отпаѓа околу 80 милиони долари или околу една четвртина од извозот.
Ако се разгледува извозот на храна уште подлабински се доаѓа до заклучокот дека на извозот на овошје и зеленчук, како и нивните преработки отпаѓа околу 80% од вкупниот извоз на храна, додека само 20% отпаѓа на останатиот извоз на храна. Од извоз на месо и преработки на месо Македонија лани остварила извозен приход од близу 25 милиони долари, додека од извоз на млечни производи и јајца околу 16,36 милиони долари.
И покрај извозот на храна, Македонија останува главно увозно зависна од храна. Само минатата година по основ на увоз на храна од странство од Македонија се одлеале 683 милиони долари, што покажува дека увозот на храна е двојно поголем од извозот на храна од Македонија.
Македонската храна најдобро поминува на Балканот
Податоците за извоз на храна гледано по земји покажуваат дека во земјите од поранешна Југославија се продава најмногу. Во поранешните југословенски земји Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора и Косово извезуваме над 162 милиони долари прехранбени производи.
Најголем извоз има во Србија од 49,2 милиони долари, следат Косово со извоз од 40,3 милиони долари, Хрватска со извоз од 25,9 милиони долари, Босна и Херцеговина со извоз од 24,4 милиони долари, Црна Гора со извоз од 14,9 милиони долари и најмалку во Словенија, каде лани сме извезле храна од само 7,4 милиони долари.
Макпрогрес најголем извозник на прехранбени производи
Податоците од најновата едиција ТОП 100 Извозници која Капитал ја објави во мај годинава покажуваат дека меѓу 100-те најголеми извозници од Македонија се наоѓаат 13 компании од прехранбената индустрија. Овие производители и извозници на храна лани имале вкупен извоз од 92 милиони евра. Најголем извозник од прехранбената индустрија во Македонија веќе неколку години наназад е “Макпрогрес“ од Виница кој лани направил извоз на производи на странските пазари во вредност од 18,73 милиони евра и е рангиран на 25 место на Топ 100 извозници. Втор најголем извозник од овој сектор е “Витаминка“ од Прилеп, која лани направила извоз на производи во странство во вредност од 12,6 милиони евра. На третата позиција според големината на извозот меѓу прехранбените производители е “Свислион Скопје“, со 9,5 милиони евра и 43-та вкупна позиција во рангирањето, а по него доаѓа производителот позициониран во сегментот на здрава храна, “Виталиа“,којашто е 55-то рангирана на листата Топ 100 Извозници, која лани ја завршила со извоз на производи вреден 7,1 милион евра. Меѓу петте најголеми извозници на прехранбени производи се наоѓа и скопската фабрика за месни преработки “Пекабеско“, со 6,99 милиони евра извоз во 2017 година. “Пекабеско“ е единствен претставник од месната индустрија помеѓу 100-те најголеми извозници, оваа индустриска гранка очекува допрва зголемување на производството, откако Владата времено ја укина увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи.
извор – Капитал.мк