Бројот на жртвите во Калифорнија се искачи на 25
Бројот на жртвите во Калифорнија се искачи на 25, откако уште 14 тела се пронајдени во градот Парадајс во северниот дел на Калифорнија, изјавија официјални лица.
Во овој град има најголем број на жртви , односно во Парадајс досега загинаа 23 лица, додека другите два жртви од пожарот се пронајдени во близина на Малибу, објави ББС.
Околу 250 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови за да го избегнат пожарот.
Пожарот избувна во четвртокот, а моќта на огнот укажува на фактот дека пожарникарите се немоќни да го спречат уништувањето на градот Парадајс.
Американскиот претседател, Доналд Трамп за катастрофалниот пожар како виновник го посочи шумскиот сектор поради лошата организација.
Освен во Парадајс, пожар беснее и во Малибу.
Многу куќи се изгорени, а меѓу жителите кои биле евакуирани се и бројни јавни личности, како што се Ким Кардашијан, Орландо Блум, Мартин Шин, кој спасувачите го нашле на плажа.
Метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови може да продолжат и следната недела, но противпожарните бригади се надеваат дека ќе можат да го запрат пожарот.