Најздравите и најдолговечните луѓе во светот не одат во теретана. Се занимаваат со градинарство!

Доколку сакате да бидете здрави не ви се потребни тегови ниту справи за вежбање, а за да поверувате во тоа обратете внимание како живеат најдолговечните луѓе во светот, пишува Independent.

Поединците што живеат во таканаречените сини зони, подрачја каде што луѓето доживуваат длабока старост, десетпати над просекот, не креваат тегови, не трчаат маратони, а не се членови ниту на фитнес-клуб.

Наместо тоа, живеат во средина што постојано поттикнува активност и движење, без воопшто да размислуваат за тоа. Повеќето од нив се занимаваат со градинарство во текот на денот и не користат многу електрични апарати при извршувањето на домашните обврски.

Научниците што ги истражувале животите на луѓето во сините зони откриле дека еден од најуспешните начини за продолжување на животниот век е движењето како составен дел од секојдневниот живот. Тие тврдат дека тоа е една од најчестите навики на најдолговечните луѓе во светот.
 

Ваков начин на живот во денешното општество, во кое многу луѓе остануваат долго време пред компјутерските екрани, не е премногу реалистичен.

Природното движење во текот на денот се чини како романтична фантазија. Пред 100 години само 10 отсто од професиите се извршувале со седење, за разлика од денешните 90 отсто. Сепак, и денес постојат многу начини на кои поединецот може да воведе повеќе движење во животот.

Неодамнешно истражување од американското здружение за борба против ракот покажа дека шест часа пешачење на неделно ниво резултира со намалување на ризикот од прерана смрт поради кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања и последици од рак. Ако тоа ви е премногу, истражувањата покажуваат дека и два часа пешачење неделно е доволно за да се намали опасноста од развој на разни видови болести.

Можете да започнете со пешачење до работа и назад, велат научниците и додаваат дека еднакво се ефикасни прошетките со децата или внуците до училиште и градинка или возење велосипед до продавница.

Истражувањата покажуваат дека најдобар начин за одење на работа е 15-минутно пешачење или возење велосипед, но добра е каква било физичка активност. Притоа, треба да имате на ум дека во текот на патувањето до работа со велосипед вежбате и си го продолжувате животот.

Вреди да се спомене дека пешачењето е добро за умот на човекот. Секојдневната прошетка ја намалува опасноста од развој на деменција за 40 отсто. Ако не сакате долги прошетки, обидете се да одите на пократки прошетки, но повеќе пати дневно. На пример, на секој час накратко станете и прошетајте. Нашите тела се создадени за движење, а не за седење, но движењето не значи одење во фитнес-сала. Едноставно, лесното движење може да биде еднакво успешно.

Уредете го сопствениот двор за похармоничен живот!

Translate »