Новото откритие е доказ дека не сме сами во вселената?

Новооткриената планета наречена Суперземја е пронајдена околу орбитата на најблиската соло-ѕвезда и истата нуди огромни импликации за шанси за присуство на вонземски живот.

Суперземја е откриена околу орбитата на најблиската ѕвезда на нашето Сонце. Бернардовата ѕвезда е црвено џуџе што е на само шест светлосни години оддалечено од нас – практично како да е во нашиот двор, во галактичка смисла. Сега, астрономите забележале „замрзнат слабо осветлен свет“, најмалку 3,2 пати е потешка од Земјата што кружи околу неа.

Планетата, позната како Бернардова ѕвезда Б, е втората планета најблиска до Земјата надвор од Сончевиот Систем и орбитира околу ѕвездата-домаќин еднаш на секои 233 дена.

Важно е затоа што е наш сосед, а ние сакаме да ги запознаеме нашите соседи – вели Игнаси Рибар од Институтот за вселенски студии на Каталонија и шпанскиот Институт за вселенски науки.

 

Translate »