Славчо Попоски со анализа за зима 2018/2019 – погледнете што не чека

Почитувани излегуваме со конечна анализа на времето околу тоа што точно може да очекувате во текот на претстојната зима, еве ја анализата:

Претстојната зима, поточно зимата 2018/2019 која е пред нас и покрај тоа што ќе биде малку потопла (минимално, и тоа за еден до два степени), сепак ќе биде во границите на нормалата, односно ќе биде нормална за нашите предели на Европа, но треба да очекуваме повеќе врнежи.

Во текот на зимата најврнежлив месец треба да биде јануари и февруари кога врнежите треба да бидат над просекот.

Ова значи дека покрај врнежите од дожд, треба да се очекуваат и врнежи од снег и тоа како на повисоките места така и на пониските (низ градовите).

Секако како и изминатите години, така и оваа година не се исклучуваат и изразени поларни бранови од Арктикот кој би условувале многу ниски температури на воздухот.

Сепак ние континуирано ќе ја следиме ситуацијата и развојот на временската состојба кај нас во текот на зимскиот период и навремено ќе ве информираме, секако по потреба ќе издаваме и вонредни временски прогнози во случај на удар на некој сериозен поларен бран како што беше случај пред две години.

Прогноза на времето за денеска 22.11.2018 година:

Според прогнозите на светски познатиот метео портал и апликација ACCUWEATHER времето денеска ќе биде облачно и нешто по топло со температури до 11 степени целзиусови. Можна е и појава на локален дожд и ширум земјава. Утринските температури се движат над 0 во котлитните.

Translate »