На две сметки Сашо Мијалков поседувал 11 милиони евра

Притворениот поранешен шеф на УБК на две одделни сметки, на други имиња, поседувал вкупно 11 милиони евра, за кои се покажало дека се негови.

Ова е дел од решението за притворот што му беше определен на Мијалков, а се темели на допис од Управата за финансиско разузнавање.

Од СЈО пак, побарале притвор бидејќи имало индиции дека Мијалков презема активности кои укажуваат на бегство.

Притворот е побаран за еден од клучните предмети на СЈО, „Таргет – тврдина“ односно за масовното прислушување и уништување на опремата и снимките.

Унгарија нема да го екстрадира Груевски

Привлечност на француски начин

Translate »