Унгарија нема да го екстрадира Груевски

Унгарската влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија. Ова беше објавено денеска од страна на унгарскиот министер за правда, Ласло Трочани, пренесуваат бугарските медиуми, цитирајќи го ТАСС.

-Тој не може да биде испратен во земја во која му прават политички прогон, рекол Трочани пред унгарска телевизија.

Унгарската служба за имиграција и азил вчера му удоволи на барањето на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски да му биде доделен азил.

Груевски избега во Унгарија на 13 ноември откако македонското правосудство издаде потерница за негово апсење, за да издржиказна од две години затвор  изречена во октомври за злоупотреба на влијание за купување на луксузен мерцедес вредност 600 илјади евра.

Фото: EPA

Translate »