ФОТО: Лука Модриќ ја доби престижната награда „Златна топка“
Лука Модриќ стана првиот Хрват во историјата кој ја добил престижната награда „Златна топка“. На успешниот фудбалер му беше врачена статуетката на свеченост во Париз. Ова признание го доделува францускиот весник „Франс Фудбал“.
33-годишниот спортист на церемонијата беше придружуван од своето семејство. На црвениот тепих, Модриќ позираше со сопругата Вања, синот Ивано и ќерките Ема и Софија.
Во публиката, тој ги имаше своите најверни навивачи – родителите Стипе и Радојка.