Британците повторно во паника поради коронавирусот: Супермаркети почнале да го ограничуваат купувањето на некои производи

Британските гиганти супермаркети “Теско” и “Морисонс” станале првите кои реагирале поради новите стравови од панично купување.

Засилувањето на алармот поради новите ограничување поради коронавирусот и стравовите и нови национални блокади поттикнале два ланци на супермаркети да го ограничат купувањето на своите производи. Супермаркетите се обидуваат да спречат повторување на паниката која во март довела до хаотични недостатоци. 

Повеќе од четвртина од населението на Велика Британија би требало да биде опфатено од новите правила за заклучување поради коронавирусот, бидејќи новите мерки стапија на сила овој викенд.

“Теско” сега има три ставки за ограничувања на купувачите за брашно, суви тестенини, тоалетна хартија, бејби марамчиња и некои влажни марамчиња.

Тоа се случува откако “Морисонс” вовел ограничување од три предмети по купец за слични асортимани, вклучувајќи тоалетна хартија и производи за дезинфекција.

Доктор Ентони Браун од Универзитетот Лоуборо, рекол дека Велика Британија е сведок на “повторување на тоа што го видовме на почетокот на годината”.

“Тоа може да стане реалност. Кога супермаркетите ќе го објават тоа, луѓето ќе почувствуваат дека постои проблем. Ќе трчаат во продавниците и ќе купуваат. Се надеваме дека овој пат ја научиле лекцијата и дека нема да има толку паника”, рекол тој.

Translate »