Сашо Мијалков нуди милион евра за да го напушти притворот во Шутка

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков нуди милион евра за да го напушти притворот во Шутка. За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција од три недвижни имоти проценети на вкупно 1.092.000  евра, јави Телма повикувајќи се на судски извори.

Од одбраната потврдиле дека се понудени гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода. Одлуката се очекува наредните денови. Мијалков е во Шутка од 20 ноември.

Translate »