Папата Франциско ќе ја посети Македонија

Папата Франциско ќе допатува во посета на Македонија на 7. мај 2019 година, потврди денеска владата во Скопје.

Како што беше соопштено денеска од страна на македонската влада, поглаварот на Римокатоличката црква ја прифатил поканата на највисоките власти во државата и на Римокатоличката црква во Македонија да ја посети земјата.

Посетата на Папата Франциско ќе биде остварена на 7. мај наредната година. „На апостолското патување во Македонија, папата Франциско ќе го посети Скопје, родниот град на света Мајка Тереза“, прецизираше владата, напоменувајќи дека програмата на посетата ќе биде дополнително објавена.

Во Македонија папата ќе дојде од Бугарија, каде ќе престојува од 5. до 7. мај и ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

Франциско, „политичкиот папа“ Син на италијански доселеници Хорхе Берголио е роден на 17 декември 1936 година во аргентинскиот главен град Буенос Аирес како најстар син од четири деца. На 22 години младиот хемиски техничар пристапил на Редот на Језуитите и почнал студии по теологија и филозофија.

Translate »