Како до оптимална хидратација на лицето и деколтето, без да се остават лепливи траги на облеката?
Како што поминуваат пролетните денови се затоплува времето, и се повеќе време поминуваме надвор. А покрај лицето во овој период од годината деколтето е нешто што особено се забележува и кое исто така е изложено на сончевите зраци.
Во таква ситуација потребно е да ја обезбедиме потребната хидратација, а притоа да не остануваат лепливи траги на гардеробата, што честопати им влијае на жените дали соодветно ќе ги негуваат сите делови од кожата.
Во такви ситуации особено им е потребен хидратантен спреј кој се нанесува многу лесно и може да се носи со себе секаде, и да ни се најде во моментите кога ни е најпотребен. Eucerin Hyaluron Mist Spray делува директно на природниот хидратантен систем на кожата, помага водата да се дистрибуира рамномернo, со што ја задржува влажноста и ја прави кожата на лицето и деколтетот мазна, еластична и светла.
Тајната е во комбинирањето на хијалуронска киселина со природниот глуко-глицерол, кој претставува активна состојка која го поттикнува навлажнувањето на кожата со тоа што го помага пренесувањето на вода помеѓу клетките на кожата и ја поддржува хидратационата рамнотежа на кожата однатре.
Како се нанесува? Само наместете ја прскалката на растојание од 20 см од кожата и испрскајте солиден слој на секој дел од лицето, вратот и деколтето. Оставете течноста да навлезе, околу 2-3 минути, а потоа нежно исушете ја кожата со меко тапкање. Со секојдневна грижа, ќе успеете да ги вратите мекоста, влажноста и еластичноста на кожата во совршена состојба.
Како на секого од нас, и на кожата ѝ е потребна вода. Ако таа е „жедна“ за повеќе вода, на вас останува да ја зајакнете хидратацијата со користење на сигурни и ефективни производи наменети токму за неа!
За која возраст е наменет Eucerin Hyaluron Mist Spray ?
За сите над 20 години, кои имаат потреба од хидратација.