Кардиналот Роберт Сарах вели дека мигрантите се модерни робови, а еве која е нивната цел
Роберт Сарах, африкански кардинал кој служи како лидер на Ватиканската литургиска канцеларија, во традиционалистичките кругови важи за нивна надеж дека еден ден ќе биде наследник на папата Франциско.
Оние кои настојуваат да ја употребуваат Библијата за промовирање на миграцијата, “туркаат” лажно гледиште на светото писмо, рекол кардиналот Сарах во новото инвервју за францускиот дневник “Valeurs Actuelles”.
Масовната миграција исто така ја означил како “нов облик на ропство”. Кардиналот веќе кренал прашина во медиумите со своите конзервативни ставови за литургиските пракси, исламот, миграцијата и други прашања.
Тие ставови биле целосно разоткриени во статијата во францускиот дневник, во кој Сарах од Гвинеја им се налутил на свештениците и бискупите кои зборуваат нејасни и непрецизни работи, за да избегнат критика и да промовираат глупава еволуција на светот.
За Европа, Сарах рекол дека Црквата не би требало да соработува со ставовите кои поттикнуваат се поголемо прифаќање на масовната миграција на традиционално христијанскиот континент.
“Сите мигранти кои доаѓаат во Европа се без пари, без работа, без достоинство…Дали е она тоа што Црквата го сака”?
“Црквата не може да соработува со овој нов облик на ропство во облик на масовна миграција. Ако Западот продолжи со план, постои голем ризик дека, поради недостиг на раѓање на деца, Европа ќе исчезне и ќе ја нападнат странци, исто како што Рим го нападнале варвари”.
“Мојата земја е претежно муслиманска. Мислам дека знам за што зборувам”, додал овој африкански кардинал.
Коментарите на Сарах се во остра спротивност со оние на папата Франциско на таа тема. Франциско неколку пати ја нагласувал вредноста на миграцијата и посебно ги охрабрувал европските земји да ги отворат границите за мигрантите кои доаѓаат од земјите од третиот свет.
Минатата недела одржал говор во Мароко, главното одредиште за мигранти во потсахарска Африка, кои сакаат да допрат до Европа преку Шпанија, и често во говорот ја спомнувал миграцијата.
“Прашањето за миграцијата никогаш нема да биде решено со кревање на бариери, поттикнување на страв од други или ускратување на помошта за оние кои легитимно бараат подобар живот за себе и своите семејства”, рекол папата Франциско.
Папата Франциско одбил да коментира како тоа меѓу тие “семејни” мигранти 95 проценти се мажи кои преку мигрантски рути доаѓаат во Европа.
Кардиналот Сарах многу поскептично гледа на тоа дали Црквата треба да биде отворена за миграцијата. Тој го навел примерот со Полска, католичка земја која има строга имиграциска политика, и рекол дека ја повикал да не го жртвува својот полски и католички идентитет “на олтарот на техноркатската и бездржавна Европа”.
“Таа е слободна да и каже на Европа дека Бог е создаден да да се смести на одредено место, со неговата култура, традиција и историја”, нагласил кардиналот. “Оваа моментална желба за глобализација на светот со потиснување на нациите, е чиста лудост”.
Во интервјуто ја повикал Европа да го избегне прифаќањето на материјализмот и да не го заборави своето христијанско наследство и корените, предупредувајќи дека тоа може да доведе до изумирање на самата Европа.
“Ако Европа исчезне, а со тоа и непроценливата вредност на стариот континент, исламот ќе го нападне светот”, рекол кардиналот Сарах. “Тогаш сосема ќе се промени културата, антропологијата и визијата моралот”.