Не чекајте да ви се случи кражба или поплава за да го осигурате домот!

Домот е посебно место што има уникатно значење за секој поединец. Место што е повеќе од обичен физички простор, многу повеќе простор каде што се чувствуваме безбедно, удобно и слободно да бидеме свои, автентични. Домот е одразот на внатрешното јас и животот што избираме да си го создадеме. Тука се опкружуваме со нештата и луѓето што ги сакаме. Независно дали се работи за стан или куќа, љубовта и грижата што се вложуваат во домот е она што е најважно.

Но, за жал се уште има граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат “зошто не го осигурав домот” станувајќи свесни колку всушност домот им значи.

Осигурувањето на домот нема да го заштити само нашиот дом, ги заштитува нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време. Ги заштитува сите предмети во домот!

Домот е место каде што од срце се смееме и плачеме, место каде што ги споделуваме животите со нашите најмили и најсакани. Каде можеме да се повлечеме од светот и да најдеме мир во себе. Каде што ќе најдеме згрижувалиште по долги и напорни денови, онаму каде што се полниме со енергија и се подготвуваме за предизвиците што ни претстојат.

Ако сè уште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток тоа обезбедува компензација за нашите евентуални загуби. Особено е важно во случај на штети поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Загуби кои може да настанат и од кражба, излевање на вода, кршење, пожар,  експлозија и други ризици кои се вклучени во Кроација домаќинското осигурување.

Надоместокот добиен од Кроација полисата за осигурување на домот може да се користи за обнова, за поправки и за надополнување на предметите од куќата. Така што со оглед на тоа дека постои веројатност за настанување на штета, има смисла да се инвестира во Осигурување на домот.

Со осигурувањето на домот добиваме надомест за настанатата штета, како и за предметите во домот.

Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби. Постојат неколку основни пакети зависно што се покрива.  Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.

Translate »