Заврши универзитет на 91 година

 

Заврши универзитет на 91 година

“Никогаш не е доцна. Мојот ум е секогаш буден и остар за учење”  Кимлан Џинакул го заврши својот дипломски труд по повеќе од 10 години работа. Таа на тајландскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека отсекогаш сакала да оди на универзитет, но како млада девојка едноставно немала можност. 91-годишна жена од Тајланд, изјави дека “никогаш не е премногу доцна  да се учи,, Но, речиси цел живот , и по одгледувањето на своите деца, таа одлучила да се запише на универзитет и конечно да ја земе посакуваната диплома.Кимлан е родена во провинцијата Лампанг во северниот дел на Тајланд, а учела во едно од најдобрите училишта во нејзината провинција.Но, откако нејзиното семејство се сели во Бангкок, таа морала да се омажи а со тоа и да го напушти сонот за понатамошно школување. ,,Секогаш сакав моите деца да имаат услови за да учат, па затоа ги охрабрував и ги поддржував кога сакаа да одат на универзитет. Четири од нејзините пет деца добиле магистерска диплома, а еден дури и добил докторат во САД.Тоа академско искуство што го стекнале нејзините деца на крајот беше мотив и таа да се запиште на факултет. Кога една од нејзините ќерки  работела во болница на Универзитетот Сухотај Тамарат, Кимлан одлучила да се запише на истиот како и нејзината ќерка.

 

Тогаш имала 72 години, но поради трагичната смрт на нејзината ќерка го напуштила курсот по неколку години.Кога имала 85 години, се вратила повторно и се запишала на смер хумана екологија – програма за која сметала дека ќе ја научи како да живее добар и среќен живот. “Откако се опоравив од загубата и тагата, се охрабрував да ја завршам оваа програма. Се надевам дека душата на ќерка ми ќе биде задоволна”, изјави таа за Би-Би-Си.Во текот на нејзините години на учење, нејзината дневна рутина се состоела во рано будење, давање милост на будистичките монаси,посета на храмот во соседството и на крајот да седнувала  да учи.”Никогаш не е доцна. Мојот ум е секогаш е буден и остар за учење”, рече Кимлан.”Овој свет никогаш не запира, секогаш има нови проблеми за да се решат. Доколку немаше нови науки, светот ќе престане да напредува”, смета таа. Формула за успех Запрашана за тајната на успехот, таа рече дека тоа е решителноста и амбицијата што ја добива.”Ми беше мило кога полагав испити, а бев тажна кога не успевав, па повторно полагав  додека не поминам. Бев упорна”. Што сега со диплома?”Мислам дека никој нема да ме вработи ако сакам да барам работа”, се шегува.”Јас само ќе продолжам да се грижам за моите внуци”.

 

Translate »