НЕ ЗА ЏАБЕ ЈА ВИКААТ ЗЕМЈА НА МЕД И МЛЕКО: Ако сакате пари и работа одете таму
Таму никој не размислува за струја, храна, Сирија, Трамп, Обама, избори, градови излепени со плакати, гас, шницли, снег на патиштата, Хаг…Пари имаат далеку повеќе од било каде во светот што им овозможува помалку фрустрации со ситници кои да речеме како нас овде ни го загорчуваат животот.
Швајцарија … земја на мед и млеко коментираат многумина. Се работи напорно ама и и се заработува.
Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници.
Колку во просек заработуваат некои професии може да ѕирнете во листата подолу.
Фризер – 2.601 CHF
Цвеќар – 3.800 CHF
Графички дизајнер– 3.800 CHF
Столар – 4.018 CHF
Работник во пошта– 4.031 CHF
Пекар – 4.051 CHF
Автомеханичар – 4.450 CHF
Кондуктер во воз – 4.558 CHF
Софтвер девелопер – 4.608 CHF
Возач на автобус – 4.858 CHF
Новинар – 5.551 CHF
Социјален работник – 6.246 CHF
Учител – 7.398 CHF
Офицер во војска – 8.142 CHF
Јавен обвинител – 10.400 CHF
Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF
А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал. Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август. Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.