Орце Камчев нуди 14 милиони евра за да излезе од притвор

Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега. Станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Предметот не бил испратен во СЈО кое треба да даде мислење.

Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за „Империја“ за нови 30 дена. Имотот и врските со странство беа се дел од причините поради кои судот му го продолжи престојот во истражниот скопски затвор и оцени дека има и опасност од бегство, но и можност да влијае на сведоци.

Translate »