Сите мислат дека е Илон Маск е генијалец, но вработените откриле низ каков пекол проаѓаат!
“Никој никогаш не го променил светот работејќи 40 часа неделно” е една од најпознатите изјави на Илон Маск, директорот на “Tesla”.
Тој сам тврди дека понекогаш работи и по 120 часа неделно, што е повеќе од 17 часа секој ден, од понеделник до недела. Американските медиуми разговарале со неговите поранешни и сегашни соработници со цел да ги дознаат условите за работа на човекот кој е опиен од успех и кој ги создава најдобрите електрични автомобили на чиста енергија.
Некои од вработените ја раскажале случката кога еден млад инженер добил отказ откако не можел да објасни како дошло до грешка во делот на автомобилот за кој тој бил задолжен.
“Еј пријателу, ова не функционира. Дали ти го направи тоа?”, го прашал Маск, според тврдењето на оние кои го чуле разговорот.
Инженерот никогаш претходно не разговарал со Илон, а Илон не знаел како се вика тој ниту што точно работи во компанијата.
“Мислите дали го програмирав роботот? Или дали го дизајнирав тој дел?”, го прашал инженерот по што Маск збеснал.
“Дали е*бено ти си го направил ова?!”, прашал милијардерот.
“Не сум сигурен на што мислите”, одговорил тој, по кое Илон почнал да вика и му кажал да излезе од просторијата и никогаш повеќе да не се врати.
Elon Musk’s last few years have been bizarre to watch. Inside Tesla, it’s been even weirder. Over the past six months, we’ve communicated with dozens of current and former Tesla employees on what’s going on behind the scenes. This is what we found 1/ https://wired.trib.al/7HvpRB9
Unfettered genius. Unpredictable rages. Here’s what it was like to work at Tesla as Model 3 manufacturing ramped up and the company’s leader melted down.
Целиот разговор не траел ниту повеќе од една минута, а набрзо младиот инженер добил известување за отказ директно од директорот. Исто така, тој отпуштил уште двајца кои работеле со него.
Со оглед на тоа што финансиската ситуација оваа година станала потешка, Маск често знаел да каже: “Денеска морам да отпуштам некого, едноставно морам” и најчесто ѝ давал отказ на првата личност која што ќе ја сретнел после тоа. Еден кандидат за позиција во “Tesla” наводно бил одбиен бидејќи на Илон не му се допаѓала неговата боја на чевли, а сите постојано барале начин како да избегнат разговор или состанок со него, измислувајќи разни обврски.
“Секој вработен во компанијата е во насилничка врска со Илон”, изјавил еден поранешен директор.
“Ако некогаш сте кажале нешто погрешно, сте направиле една единствена грешка или при разминување сте го допреле Маск на начин на кој што не му се допаѓа, тој трајно ќе ве прогласи за идиот”, изјавил друг вработен.
Исто така, на сите кои доаѓаат на разговор за работа им се советува да не носат парфеми или колонски води бидејќи милијардерот не поднесува интензивни мириси.
Сето ова се случувало во периодот кога Маск вети дека “Tesla” ќе произведува 5000 модели неделно. Тој ги притискал сите се’ додека не дошле до целта, заработувајќи 312 милиони долари, многу повеќе од предвидувањата на Волстрит.
Од “Tesla” велат дека овие извештаи се “премногу драматични” и ги нарекле “кратки анегдоти без вистински контекст”.
“Илон се грижи за сите вработени во својата компанија, но некогаш за доброто на другите мора да ги отпушти оние кои го кочат успехот на целиот систем”, тврдат од компанијата.
Tocka.com.mk