Рама нападнат со јајца во Парламентот

Седницата на Парламентот на Албанија на кратко беше прекината откако пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама.

Рама по инцидентот ја напушти собраниската седница.

Фотографијата на која се гледа како Хаша го гаѓа Рама со јајца ја објави поранешниот албански премиер Сали Бериша со порака „За присутните – тост и јајца“.

Порталот „Лајми фундит“ објави дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил на говорница, а потоа уследил судир помеѓу пратениците и обезбедувањето во Парламентот.

Пред почетокот на седницата пред зградата на Парламентот протестираа голем број ученици и студенти. Протестите, кои се одржуваат и во другите албански градови, траат 16 денови, со барање за подобрување на условите за студирање.

МИА

Translate »