Претседателот, Ѓорѓе Иванов, го потпиша законот за амнестија

Законот за амнестија вчера е објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот, Ѓорѓе Иванов.

Законот стапува во сила со денот на објавување во Службен весник на РМ.Собранието на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за”, без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Секој од обвинетите за „27 април” има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот. Осомничените, обвинетите или осудените сами ќе треба да побараат амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не. Вкупно 33 лица се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Translate »