Ристиќ : Ароганцијата на Шилегов е навредлива! Не ми е јасно зошто се бави со нешто што не го сака

loading...

Ако си на функција должен си да најдеш решение, а не оправдание, вели актерката Ирена Ристиќ во интервју за „Е-магазин“, зборувајќи за нејзината акција „Не биди ѓубре“, која започна во август, одкога заедно со други активисти исчистија повеќе локации во Скопје.

Ристиќ вели дека јадрото на „Не биди ѓубре“ го сочинуваат околу 15 активисти, кои знааат дека се предмет за шега на градоначалникот Петре Шилегов и на неговите советници, но тоа не ги обесхрабрува, бидејќи како што вели, фактички, тие се смеат на сопствениот одраз во огледало.

Они не си ја завршиле работата, така што нема простор некој да се шегачи со нас. Јас на пример да бев градоначалник ќе излезев на прес-конференција ќе се извинев на граѓаните за изгубеното време и ќе направев се тоа да не се повтори. А не да не игнорира, и не после шест дена да ги собира вреќите. Затоа што функцијата на еден градоначалник е да собира ѓубре и да го регулира паркингот. Таму нема простор за фини нешта, таа работа е аргатска. И не ми е јасно зошто човекот се бави со нешто што очигледно не го сака. Таа ароганција негова е навредлива. Мислам дека може достоинствено да ја напушти функцијата и да ја препушти на некој кој барем за нијанса повеќе ќе си ја сака работата. Се чудам како, луѓето наеднаш заборавија за што се боревме. За што се боревме? Сега наеднаш имаме функција и не гледаме дека е валкано, или не гледаме дека градот е тотално нефункционален, вели Ристиќ.

Дел од работните обврски кои градоначалникот не си ги завршил, актерката многу често ги објавува на нејзиниот „Фејсбук“ профил под хаштаг „Ај лав ју Петренце“.

Translate »