На 2 јануари нема да работи јавната и државната администрација, денот ќе се одработува

На 2 јануари нема да работат вработените во јавната и државната администрација, а препорака е оваа одлука да ја следат и единиците на локалната самоуправа и приватниот сектор. Неработниот ден ќе се одработи во текот на годината.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи бидејќи се работи за одлука која не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада.

– Се работи за дел од традицијата од минатото која е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Владата го прогласи за неработен ден за јавната и државната администрација, а им препорачуваме на единиците на локалната самоуправа и на приватните компании, ако можат, да ја следат оваа одлука. Овој ден ќе се одработи во текот на годината бидејќи не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада, појасни Бошњаковски.

Translate »