Поранешниот премиер живее во луксузен унгарски хотел и чека стан од државата?

Осудениот поранешен премиер, Никола Груевски, според неофицијални информации води удобен живот по своето бегство во Унгарија.

Тој е сместен во хотел од висока класа, а се очекува да добие и стан од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува “Фокус“. 

Фактот дека Никола Груевски живее како слободен граѓанин во Унгарија го докажуваат и фотографиите кои неодамна се појавија во медиумите. Имено, тој беше фатен низ Будимпешта во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои подоцна се утврди дека се вработени во Царинската управа.

Се уште останува отворено прашањето за неговото семејство во Македонија. Екс премиерот ја остави својата сопруга Боркица и двете малолетни деца кои може да ги види само доколку Боркица се согласи да ги однесе во Унгарија. Доколку таа не прифати да отпатува за Унгарија, девојчињата на Груевски не би смееле да патуваат сами без согласност и потпис на двајцата родители.

Во Македонија се уште се бараат одговорните за неговото бегство. Речиси два месеци поминаа откако Груевски ја напушти земјава, а истрагата е се уште во тек.

Translate »