Каролина во невестински фустан
Кролина Гочева и Михаил Корубин запливаа во брачните води. 36-годишната пејачка и познатиот уметник се венчаа на церемонија во близина на Скопје.
Првите фотографии ги објави македонската ѕвезда на својот Instagram профил.
Невестата, како што извести порталот,, Репортер,, запеала на свадбата, изведувајќи ја песната „We Found Love“ од Ријана и Калвин Харис.
На свадбата на Каролина и Михаил, освен нивните семејства, пријателите, претставниците на Авалон продукција, се забавуваа и Елена Ристеска, Весна Петрушевска, Владимир Блажев – Панчо, Тамара Тодевска и други јавни личности.