Барате инспирација за коса? Совети од Снежана Николовска.

 

Aко ова лето вистински хит беше познатата боб фризура, тогаш оваа зима девојките повторно се враќаат на долгата коса и неодоливите бранови. Нешто што отсекогаш било поврзано со женственост, елеганција и неодоливост.

Не чекајте до новогодишната ноќ за да бидете со нова фризура! Како што велат, промената е добра како и сезоните, а новата фризура е најдобриот начин да се раздвижат работите. Промената носи нови очекувања, надеж..желби за убави работи. Ако не можете да се решите за кратење на косата, што можеби и ви звучи застрашувачки, тогаш решение е елегантни опуштени бранови. Девојките секогаш се расположени за романтични бранови кои се совршени за овој период кога имаме пониски температури и поголема влажност.

А оние похрабрите да ја направат популарната АФРО фризура!

Треба да знаете и дека како што стареете, вашата коса расте се поспоро и поспоро. Косата е доста осетлива и брзо слабее, затоа треба правилно да ја одржувате и негувате за да ја направите појака и секако, поубава. Секако може да направите третман за подхранување и освежување на косата.

Закажете си термин во Студио Грејс кај вистински професионалци (контакт 071 327 049) , освежете ја вашата коса и пружете и ја негата која и е потребна во овие студени денови.

Translate »