Ја гледал смртта во очи: Снимал документарец за мечки, а потоа подивеното животно дошло премногу блиску! Погледнете како поминал
Гордон Букенен, шкотски вљубеник во природата и дивите животни остварил контакт со поларна мечка, поблизок од тоа што можел и да помисли.
Имено, додека снимал, забележал дека му се доближува, па поради заштита влегол во објект за специјална намена.
“Тие имаат неколку пати подобро чувство од нас. Сега стои и собира информации на основа на кои ќе донесе одлука дали ќе се доближи”, објаснил Букенен само неколку моменти пред мечката да почне да се исправа на задните нозе и со силни удари и притисок на стаклото да дојде до мажот.
За среќа, мечката по некое време проценува дека обидите да го скрши стаклото и трошат многу енергија, па полека се оддалечува.
Букенен рекол дека дури сега им се восхитува на овие животни, но и признал дека малку го фатило страв.