Високи цени – низок стандард, минималната плата не е ни половина од трошоците за живот
Минималната потрошувачка кошница за ноември 2018-та година изнесувала 32 545 денари, додека минималната нето плата изнесува 12, 165 денари. Тоа се последните податоци кои ги има објавено Државниот завод за статистика. Поразговаравме со дел од граѓаните дали успеваат да ги покријат трошоците од први до први со примањата кои ги имаат, особено во јануари кој се смета за најдолг месец. Според нивните изјави не само што не им е доволна платата, туку до половина месец веќе им е потрошена.
Со оглед стандардот, граѓаните негодуваат дека трошоците за живот се високи. Најмногу трошат на храна, а најмалку за одржување на здравјето.
Во 2018 –та беше забележано покачување на цената на горивото, лебот, алкохолните пијалоци и угостителските услуги. Регулаторната комисија за енергетика од вторник најавува нова цена на горивата, се уште не се знае дали ќе поефтинуваат или поскапуваат.