Со регистрација на автомобил ќе мора да извадите и зелен картон
Зелениот картон ќе се спои со полисата за автоодговорност, па така секој сопственик ќе треба да го извади кога ќе го регистрира возилото.
Оваа измена ќе биде законски регулирана најдоцна до крајот на оваа година и ќе произлезе од потребата да се усогласат нашите закони со европските директиви.
За ова веќе потврда даде и првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски, кој тврдеше дека дека ќе има промени во цената на задолжителната полиса односно формирањето на цената ќе се либерализира.
„Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, рече Попоски во интервју за МИА.