Со помалку тежина до подобар сексуален живот

318944b5ff52ecf03b22e9a418632a71


Можно ли е симнувањето на 3-4 килограми да го промени сексуалниот живот? Одговорот е повеќе од категоричен – се разбира!

Познато е дека симнувањето дури и на малку килограми може да ни се одрази добро и на психата, и на физичката состојба, што пак води логично до следниот чекор – зголемен сексуален апетит. Еве што стои зад врската помеѓу негативностите на вагата и желбата во спалната:

1. Зголемено либидо

Гојазноста или дури и дебелината доведува до пониска издржливост, мускулна слабост, метаболички проблеми, висок холестерол и дијабетес. Сите овие фактори можат сериозно да го потиснат сексуалниот апетит.

Ниската содржина на масти и јаглехидрати во исхраната помага како за подобрување на општата здравствена состојба, така и на ефикасноста во кревет. А, и на желбата.

2. Со помали димензии, поголема самодоверба

Кога телото се менува, самодовербата исто така се менува. А кога сантиметрите на телото одат надолу, комфорот во спалната расте токму заради повисока самодоверба. Го нема срамот од тоа како партнерот нè  гледа и што мисли за нашето тело.

Клиничка студија пак покажа дека губењето на тежина и кај двајцата партнери продолжува како со траење на интимните бакнежи, ја зголемува блискоста меѓу двајцата, а со тоа расте и веќе споменатото либидо.

3. Отпорноста расте

Добрите страни на тоа човек да тренира се многу. Во случајот вежбањето има уште една предност – издржливост, баланс, флексибилност. Се намалува и ризикот од повреди.

4. Подобро себе-оценување

Слабеењето може да ни помогне да го оцениме подобро телото. Ако слабеењето се случува по здрав пат, луѓето стануваат особено загрижени од тоа што предизвикуваат во телото.

5. Подобра циркулација

Вежбите помагаат за подобра циркулација. Секое дејство што го зголемува протокот на крв во големите мускулни групи на бутовите и задникот, води и до подобра циркулација за време на секс. Тука за најдобар крвопоток може да помогне и ѓумбирот. А како спорт – јога, аеробик, кардио вежбите во салата.

Translate »