Најубавиот пат во светот -The Dark Hedges-Северна Ирска
The Dark Hedges е популарна туристичка атракција во Северна Ирска, и популарна дестинација за фотографи, сликари и свадби.
Многу посетители тврдат дека оваа шума од букови дрва е еден од најубавите патишта во светот. Дрвјата биле засадени од страна на семејството Стјуарт во XVIII век, со намера да ги импресионираат посетителите кои одат кон нивниот дом, Gracehill House. Двесте години подоцна, дрвјата создадоа прекрасна сцена која сега е позната како The Dark Hedges.