Протече видео од забава на мексиканскиот тим со проститутки
Деевет репрезентативци на Мексико се фатени во друштво на 30 проститутки за време на подготовките за Мундијалот во Русија, а сега осамна и видео од славната забава.
Тоа била проштална забава пред заминувањето на планетарната смотра на фудбалот, а како изгледало сето тоа можеа да видат апсолутно сите преку социјалните мрежи.
Мексиканските медиумо претходните денови пишуваа за скандалот на репрезентативците, за нивниот 24-часовен провод со дури 30 „продавачки на љубоц“ на една локација во Мексико Сити, во квартот Лас Ломас.
Журката почна во саботата, недолго по натпреварот и траела до четири попладне наредниот ден.
„Стигнаа во куќата во Лас Ломас околу 10:30 во саботата, одлично си поминуваа со музика, пиење, игра и девојки. Добија еден слободен ден, и беа без своите девојки и жени, вели еден добро упатен извор.
Прашан зошто биле без своите поубави половини, изворот рекол „дека сакале да бидат немирни“.
„Зошто инаку би ви требале 30 ескорт дами“, додава изворот.