Познати јапонски оперски пејачи ја испеаја „Македонско девојче“
Откако познатиот јапонскиот оперски пејач, Казухиро Котецу, пред неколку месеци ја испеа легендарната песна „Македонско девојче“ од Јонче Христовски, сега ја препеа уште еднаш, во дует со сопранот Томоми Шимамура. Неговата изведба и овојпат предизвика позитивни реакции кај публиката, па коментираат дека песната во дует звучи уште поубаво.
Претходно, тој препеа уште една песна од Христовски, „Ако умрам ил загинам“.