Како што и пристигнуваа, печалбарите од дебарско-реканскиот крај и Жупа, така почнаа и да заминуваат

Масовно, како што и пристигнуваа, печалбарите од дебарско-реканскиот крај и Жупа, така почнаа и да заминуваат во нивните втори татковини.

За разлика од летниот период кога масовноста е поголема, бидејќи доаѓаат и до 15 илјади печалбари, овој пат пристигнаа околу четири илјади, главно од Италија, Германија и од Швајцарија.

Дневно од автобуските станици во Дебар, како од Жупа и Ростуше, последните денови заминуваат во просек по десет автобуси, а денеска и утре се очекува бројот да биде поголем.

Поголемиот број од нашинците кои беа пристигнати со автомобили заминуваат денеска. Дел од нив се враќааат преку Албанија и со траект од прстанишниот град Драч го продолжуваат патот.

Нивното присуство ја зголеми фрекфенцијата на луѓе и возила, како и прометот во трговските дуќани. По традиција имаше и по некоја домашна веселба, пред се свршувачки и сунети.

По десетневното заживување на поширокиот регион, видно се намалува раздвиженоста, се до мај месец, кога најпрво пристигнуваат иселеницте од САД, од каде секоја годна доаѓаат по околу пет илјади, а посебно крајот заживува во јули и август, кога поради масовното присуство на печалбарите се прават  повеќе од 300 веселби, пред се свадби. /МИА.

Translate »