Законот за јазици е објавен во Службен весник


Собранискиот претседател, Талат Џафери, на својот официјален фејсбук профил објави дека Законот за употреба на јазиците,  е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува во сила.
Од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците е донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.
Законот за јазиците, до официјализирањето чекаше една година, затоа што претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише.
Џафери го одложуваше потпишувањето на Законот за јазиците бидејќи во стручната јавност беше спорно, дали документот ќе ја има силината на закон доколку во „Службен весник“ излезе само со потпис на претседателот на Собранието.

Translate »