Иванов бара кривична одговорност за Џафери
Без потписот на престедателот Иванов, а со потпис на собранискиот спикер Џафер , Законот за употреба на јазиците, но и Законот за ратификација на Преспанскиот договор и официјално излегоа во Службен весник.
Џафери на прес конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека постапил согласно неговите надлежности и ги потпишал указите за двата закони. Тој порача дека му дал
доволно време на Иванов да го стави својот потпис . Спикерот не ја исклучува можноста и за импичмент на Иванов.
Од кабинетот на Шефот на државата информираа дека ќе бараат кривична одговорност за Џафери .
„Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото. Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?“ – се вели во сооппштението од кабинетот на Иванов.
Од Владата на Р.М пак ја поддржуваат одлуката на Џафери и излегувањето на двата закони во Службен весник .
„Иванов беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија.“ – велат од владата.