Македонија и Албанија ќе воведат заеднички гранични контроли на Ќафасан
Македонија и Албанија планираат да воведат заеднички контроли на Ќафасан. За оваа можноста денеска во Поградец разговарале министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сандер Лешај . Со воведувањето на заенички контроли на патниот граничен премин Ќафасан, ќе се овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства.
Воведувањето на заеднички гранични контроли е во завршна фаза
на преминот Табановце, на границата со Република Србија.
Примерите во земјите каде веќе функционира ваквиот систем, покажува дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси, соопшти МВР.